Норвешка најави дека годинава ќе обезбеди дополнителни три милијарди норвешки круни (308 милиони евра) за зајакнување на своите воени сили во северниот дел на земјата, во близина на руската граница, јави БГНЕС.
– Дури и ако руски напад врз Норвешка е малку веројатен, треба да ни биде јасно, дека имаме сосед на исток, кој стана поопасен и понепредвидлив, изјави на прес конференција, министерот за одбрана во земјата Од Роџер Еноксен, со оглед на руската инвазија на Украина.