Нискотарифниот авиопревозник Норвежан Ер Шатл денеска соопшти дека ќе купи 50 Боинг 737 МАКС авиони, како уште еден поттик за американскиот производител на авиони кој е погоден од економската криза.
Според компанијата, авионите ќе бидат доставени меѓу 2025 и 2028 година, или приближно во исто време кога завршуваат лизинг договори на норвешки авиони.
Во договорот е наведено дека уште 30 авиони се опција за купување.