Грчките пожарникари евакуирале две села на островот Евиа во близина на Атина, откако увиделе дека не можат да го сопрат бесниот пожар кој избувнал.
Според извештаите, боровата шума на островот е во пламен, а ситуацијата ја влошува силен ветар.
Пожарот избувнал нешто после 15 часот по локално време.
Медиумите известуваат дека тој ја претворил бојата на небото во темно црвена.
Пожарникарите кои се на островот истакнале дека и покрај континуираното фрлање вода со авиони и хеликоптери, тешко е да се стори било што.