Германската компанија „МТУ Аеро енџинс“, која во Србија ќе инвестира во висока технологија, инвестиција со која денеска се пофали и српскиот претседател Александар Вучиќ, е меѓу лидерите во производството на авионски мотори и глобален играч во таа индустрија.

Компанијата е основана во 1934 година, има околу 10 000 вработени, а годишниот приход достигнува 4,6 милијарди евра.

Компанијата е присутна во 15 држави во светот, меѓу кои и Велика Британија, Франција, Холандија, Полска, САД, Канада и други.

Помеѓу другото, се занимава и со дизајн, развој, производство и поддршка на мотори за комерцијални и воени авиони.

МТУ има водечка улога во давање услуги за одржување и сервис на моторите В2500, кои се наоѓаат во актуелнот „Ербас А 320“.

Во воената област МТУ е доминантна компанија кога се во прашање мотори кои ги користи германската воена авијација.

Претседателот на Србија Вучиќ на прес конференција истакнал дека денеска е голем ден за Србија. Истакнал и дека третина од леталата низ целиот свет имаат делови на компанијата МТУ.

„Ова е голем проект за нас. Тој значи нов индустриско технолошки живот за Србија“, рекол Вучиќ.

Најавил дека договорот ќе биде потпишан веќе во јуни и дека МТУ веројатно ќе дојде во некое место во околината на Белград.

Во првата фаза ќе бидат вработени 450 лица.
Вучиќ навел дека МТУ во Полска почнал пред 10 години и дека сега има вработено 28 000 лица.