Никола МИЦЕВСКИ
Весна Дамева, е новиот член на Судскиот совет на предлог на претседателот Стево Пендаровски, таа е лице кое е активист на владејачката партија, а тоа може да се види од фотографиите на нејзиниот фејсбук профил.
Од биографијата на Весна Дамева се гледа дека нејзиното највисоко работно место гласи стручен соработник во Основен Суд 1.
Ваква битна работа која ја има членот на судскиот совет кој што треба да ги евалуира работењето на судиите и да изрекува дисциплински мерки на судиите треба во најмала рака треба да има повисоки квалификации од предложените.
Како сте тргнале со судството мислам дека ова ви е последна шанса да го деградирате до максимум затоа што ова што се случува во Република Македонија и во судската фела и во јавно обвинителската фела е веќе за да размислуваме сите во Р. Македонија. Нас не тресат огромни скандали, Европа ни праќа пораки дека реформите во судството не се ни почнати, дека само декларативно се повикуваме на реформи, владеење на правото и правна држава, а вие во пракса покажувате дека навистина се движиме во тој правец.
Навистина е деградирачки за сите судии и сите оние кои то имаат обврски и работат со судскиот совет, кога ќе слушнат дека член на судски совет ќе биде стручен соработник, а не судија.
Можеби е пак и мотивирачки за другите стручни соработници ширум судовите во Македонија малку повеќе активно да се вклучат во политиката затоа што од она што можев да го видам Весна Дамева има исклучителен број на слики заедно со раководството на СДСМ.