Веднаш по објавата на градоначалникот Петре Шилегов за финализирање на проектот Дино-парк во скопската Зоолошка градина, на социјалните мрежи се рашири фотографија од новиот споменик на Шилегов – Воинот на диносаурус.
Шилегов и партијата од која е кандидиран за градоначалник на Скопје, со години протестираше против изградбата на споменици во Скопје и постојано најавуваат нивно рушење, а еве сега носат свои споменици во ЗОО-градината.
Меѓу духовитите коментари за проектот на Шилегов е и тој дека „тие се бореа против антиквизација на Македонија, а сега со нивните споменици ја носат Северна во праисторијата“.
Фотографијата е преземена од Фејсбук и му се извинуваме поради тоа што не знаеме кој е авторот да го објавиме неговото име.