Министерството за здравство, кое секој ден соопштува троцифрени бројки на новозаразени со коронавирус, распиша тендер за набавка на 150.000 кондоми, 37.000 кондоми со зголемена издржливост и 50.000 лубриканти.
Тоа се случува во време кога 40.000 луѓе останаа без работа и во време на економска и здравствена криза.
И лани, пред да почне пандемијата со коронавирусот, министерството со кое раководи Венко Филипче, наместо терапија за ретките болести, набави 150.000 кондоми и 80.000 лубриканти.