Метеоролошкиот сервис Акуведер објави предупредување за нов бран високи температури кои во оваа недела ќе ја погодат Европа.
Според тоа предупредување, новиот бран жештини ќе зафатат подрачје од Шпанија, па се до Скандинавија.
Како што е наведено на сајтот, највисоки температури оваа недела се очекуваат во Мадрид, Париз, Франкфурт, Амстердам и Стокхолм. Највисока точка се очекува температурите да достигнат в четврток и в петок.
Во Париз, Брисел, Келн, се очекуваат температури до 38 степени, а 35 степена се очекуваат на југ во Шведска, Шпанија, Холандија и западниот дел од Германија.
Пради високите температури што траат со денови, оштетена е пистата на аеродромот во Хановер, и поради тоа е затворен. Одложен бил 41 лет поради затворањето и неколку илјади патници се погодени од одлуката на властите, јавуваат германски медиуми.
Најдолга суша во изминатите неколку децении ја погоди Холандија и поради тоа водостојот на реките е намален до критично ниво.
Поради тоа, има проблеми за компаниите што се занимаваат со речен транспорт.
Водостојот на реките е под критичното ниво и бродовите мора да носат количина на стоки многу помала од вообичаено.
– Многу големи бродови сега може само да носат половина или третина од својот нормален товар, изјави Јост Ситскорн од холандскиот Сојуз за логистички компании. Речиси третина од стоките во Холандија се пренесуваат со речен транспорт.