Власта им зададе нов удар на уставобранителите од настаните од 27 април, со опомена до нивните семејства за наплата на судските трошоци за судскиот процес против нив.

Сумата за наплата е голема, 135.000 денари односно по повеќе од 2.000 евра и дел од нив немаат средства да платат, објавија повеќе медиуми.

Затоа на социјалните мрежи има апел за помош бидејќи рокот за плаќање е три дена, односно до петок.

Се повикуваат сите кои се во можност да помогнат бидејќи во опомената пишува дека „неисплатениот износ на паричната казна ќе биде заменет со затвор“.