Белата куќа денеска објави нов пакет воена помош за Украина, што ќе вклучува системи за противвоздушна одбрана.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан рече дека пакетот за воена помош вклучува „значаен придонес за воздушната одбрана“, како и американските системи за воздушна одбрана HAWK и Avenger.

Претходно, шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес рече дека земјата ќе испрати уште два системи за ПВО HAWK од САД во Украина за да помогнат во одбраната од руската инвазија и да се заштити инфраструктурата.