Претседателот на бугарската фондација „Македонија“, Виктор Стојанов, која во македонската јавност важи за организација со негаторски ставови кон Македонија, македонскиот народ и историја, продолжува со своите провокаации.

Стојанов сега им нуди на семејствата од Македонија по 300 евра награда доколку го променат презимето и наместо „ски“, да завршува на „ов“ или „ев“.

Тој во објавата на социјалните мрежи додава дека македонските граѓани треба да ја контактираат бугарската фондација.

Неодамна, како што објавивме, Стојанов изрази револт од тоа што му бил забранет влез во Македонија на неодредено време.

– Нема причина да не ми биде дозволен влез во земјата. Немам ни казна за непрописно паркирање, но ете сум непожелен. Во РСМ имам спроведено над 500 хуманитарни иницијативи, се обидов да му помогнам на Скопје побрзо да влезе во ЕУ, како и да ги зближам двата народа. Наместо благодарност, добив забрана. Со ова ќе ги запознаам Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) при Советот на Европа. На овој начин работите нема да останат незабележани, рекол Стојанов за бугарска Лупа.