Најмалку три лица се убиени, а уште тројца се ранети синоќа при пукање во бар во Оклахома Сити, јавија локалните медиуми.

Американските медиуми го пренесуваат соопштението на локалната полиција која наведе дека едно од ранетите лица се наоѓа во критична состојба, додека другите две се здобиле со повреди што не се опасни по нивниот живот.

Пукањето се случило синоќа околу 21 часот во бар во југозападниот дел на Оклахома Сити, јави локалната станица KOCO-TV.

Полициската управа на Оклахома Сити на Твитер објави дека истражителите се на местото на инцидентот, но засега нема уапсени лица.