Британскиот поп-пејач и писател Пол Макартни во септември ќе го издаде вториот дел од својата детска илустрирана приказна „Grandude’s Green Submarine” („Зелената подморница на дедо Фраер“).

Авторка на цртежите ќе биде канадската уметница Кетрин Дарст.

Првиот дел на сликовницата „Хеј, дедо Фраер“ (Hey, Grandude), поранешниот член на „Битлс“ го издаде во септември 2019 година.