Нова снимка на Ју туб за лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, дента кога ЈО го затвори предметот за Бујар Османи врз база на снимките што ги пушташе Заев пред повеќе години и само еден ден откако Бојан Јовановски  поднесе кривични пријави против десетина функционери во ЈО, а неговиот адвокат по телефон доби смртни закани.

Не е јасно која е целта на оваа снимка и што има во нејзе а што досега било непознатот, но веројатно очигледниот емитувач на оваа снимка си има свои калкулации.

Како што рпенесува „вмровската“ ТВ Канал 5, во разговорот Мицкоски споменува дека имал средба со Орце Камчев и дека се сомнева дека при тоа бил фотографиран додека Камчев бил под посебни мерки во рамки на истрагата за предметот „Империја“.

Мицкоски: Мене ме имаат сликано како влегувам, кога Орце беше под мерки. Колата, ја имаат, не мене, зошто јас влегувам со колата“, вели во дел од разговорот Мицкоски.

На снимката се слуша и женски глас, за кој се претпоставува дека е на Слободанка Алексовска, поранешна директорка на Агенцијата за вработување во Скопје, а сега вработена во „Аџибадем Систина“.

Женски глас: „Кога беше кај нас, го имаат сликано кога има дојдено. Зашто Орце беше под ПИ-мерки“, вели соговорничката.

Содржината во разговорите се однесува на периодот пред претседателските избори лани при што се слуша како Мицкоски му зборува на Зоран Милевски Кичеец за нивните активности во Охрид.