Пентагон вчера објави нов долгорочен пакет помош за Украина од 600 милиони долари, со кој ќе се финансира различно оружје и друга опрема.
Одлуката за нов помош уследи само еден ден откако државниот секретар Ентони Блинкен ја посети земјата и вети една милијарда долари во нова воена и хуманитарна помош.
Американското Министерство за одбрана соопшти дека пакетот помош ќе дојде преку Иницијативата за безбедносна помош во Украина, која обезбедува пари за долгорочни договори за оружје што треба да го направат или модифицираат воените компании.