Портпаролката на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Кира Јармиш, денеска потврди дека Навални починал, повикувајќи се на официјално известување врачено на мајката на Навални, Људмила.
Јармиш на социјалната мрежа „Икс“ објави дека побарала телото на Навални веднаш да му биде предадено на неговото семејство.
Људмила Навални отпатува кон затворската колонија каде што тој починал, придружувана од адвокатот на нејзиниот син, пишува рускиот весник „Новаја газета“.
Навални, најистакнатиот внатрешнополитички противник на рускиот претседател Владимир Путин, паднал во бесознание и починал вчера по прошетка во арктичката казнена колонија „Поларен волк“, каде што издржувал долга затворска казна, соопштија властите.
Фото: ЕПА