Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1).

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Куманово (3) – од кои 1 починат
– Кавадарци (2)
– Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во изолација во Охрид
– Гостивар (1).