За Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, младите и понатаму остануваат приоритет. Покрај можностите за вработување и самовработување преку Оперативниот план, реконструкција на студентски домови, младински додатоци и решавање на дигиталната нееднаквост, овој пат ВМРО-ДПМНЕ со нови можности за студентите, стои во партиското соопштение, што го пренесуваме интегрално.
Во соработка меѓу повеќе институции, Министерството за образование и наука, Министерството за дигитална трансформација, Генералниот секретаријат, Кабинетот на претседателот на Владата и Министерството за финансии, се подготвува студентска картичка со 20 отсто попуст преку апликацијата М-услуги, која студентите ќе можат да ја користат во текот на целата година.
Паралелно, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка.
Паралелно со оваа иницијатива, Министерството за социјална политика, демографија и млади работи на развој на посебна апликација и дигитална картичка, со цел проширување на можностите за младите и унапредување на дигиталните услуги наменети за нив.
ВМРО-ДПМНЕ со конкретни мерки продолжува да создава можности и подобри услови за студентите.




