Претседателот на Фондацијата „Македонија“ Виктор Стојанов најави дека на 4 февруари ќе биде организиран превоз на луѓе од Бугарија кои ќе сакаат да се поклонат на гробот на „бугарскиот национален револуционер Георги Делчев“ во Скопје.

Најавата на Стојанов доаѓа откако претседателот Стево Пендаровски денеска изјави дека одредени „структури“ од Бугарија планирале организирана посета на гробот на Гоце Делчев на годишнината од неговото раѓање.

Повикувајќи ги сите Бугари да ја одбележат 151-та годишнина од раѓањето на Делчев, Стојанов на Фејсбук напиша дека Пендаровски рекол оти „не смее да им се дозволи“ на луѓето од Бугарија да ја преминат границата, иако Пендаровски тоа не го изјави.