Ѓраѓаните на Нови Сад биле шокирани од глетката на познатото капалиште Штранд.

Имено, на новосадското капалиште се појавиле змии кои прилично ги вознемириле жителите. Но, тоа не е се…

Жител на Нови Сад изјави дека змија се пикнала во количката на неговото бебе кое има само 4 месеци.

„Змијата се вовлекла додека спиеше бебето во количката. Вистинска среќа е што сопругата ја забележала на време и веднаш го извадила бебето“, раскажа овој Новосаѓанец.

Тој рече дека потоа веднаш ги повикал надлежните служби.

Инаку, горештината ги „измами“ влекачите на градските улици, па тројца пациенти се наоѓаат на лекување во лесковачката болница поради каснување од змии отровници, додека еден жител на Ниш е згрижен во тамошниот Клинички центар исто така каснат од змија, зошто не се знае дали била отровна или не.