Од вчера стартуваше новиот начин на плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака.
Цената на билетот не се менува останува 40 денари со вклучен ДДВ.
Начинот за новото плаќање е следен:
– Патникот од својот мобилен телефон врти на бројот 185 при што слуша “бип“ сигнал и говорна порака “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“
– При вртење на бројот 185 не е потребно телефонот да се приближува до валидаторот.
– Наплата се врши во истиот момент кога корисникот го завртил бројот 185 и го слушнал “бип“ сигналот без разлика дали е докрај исслушана говорната порака.
– На мобилниот телефон стигнува потврдна СМС порака во која ќе пишува “Купивте билет за едно возење со цена 40 ден. во HH:MM“ .
– Доколку патникот има проблем со телефонската сметка можно е да ги добие следниве пораки:
“Трансакцијата е неуспешна, немате доволно средства на вашата сметка“
“Трансакцијата е неуспешна, имате активирано забрана, јавете се кај вашиот оператор”
“Веќе купивте возен билет, обидете се подоцна”
“Трансакцијата е неуспешна поради технички причини”
“Трансакцијата е неуспешна, имате надминат лимит за користење на оваа услуга”
Воедно, Ги информираме корисниците на услугите на ЈСП Скопје дека функционирањето на старата мобилна апликација “Skopska” ќе биде прекинато и истовремено почнувајќи од 30.10.2024 година ќе биде пуштена во функција новата мобилна апликација ”Skopjebus”. Истата, може да се превземе преку мобилните апликации Play Store за корисниците на Android уред и App Store за корисниците на iPhone.
Со инсталирањето и логирањето на новата апликација сите средства кои корисникот ги поседувал досега во паричникот, автоматски ќе бидат префрлени на неговата сметка во новата апликација. Упатството за новата апликација го добивате едноставно преку скенирање на QR кодот кој можете да го најдете во сите автобуси за градски превоз, што ќе ве однесе директно до локацијата со упатствата за користење.
ЈСП Скопје