Републиканскиот гувернер на Оклахома, во јужниот дел на САД, Кевин Стит информираше за потпишаниот закон, со што се забранува абортус по шестиот месец од бременоста.

Медиуми нагласуваат дека станува збор за еден од најрестриктивните закони во земјата, додека Врховниот суд се подготвува да го преиспита тоа право на федерално ниво.

– Ги застапувам сите четири милиони жители на Оклахома, а големото мнозинство од нив, посакува да го заштити нероденото дете, напиша тој на Твитер.

Тој го стави својот потпис, откако во четвртокот по гласањето, законот го донесе Парламентот на сојузната држава.

Со новиот закон се предвидува медицински исклучоци во пристапот кон абортусот, но, не и во случаи на силување и на инцест.

Изминатите месеци, во конзервативната сојузна држава, влегувале илјадници жени од Тексас за да абортираат, бидејќи сличен закон е донесен и во таа соседна земја.

Тексас во септември донесе закон за забрана на абортус, од моментот кога на ултразвучниот преглед ќе може да се чуе чукањето на срцето на детето. Тоа е, отприлика, околу четири недели по зачнувањето.

Врховниот суд изминатите месеци истражува дали овие документи се законски.

„Политико“ во понеделникот објави документ од Врховниот суд околу ова прашање. Според документот, на државите може да им се врати правото да одлучуваат за абортусот, нешто, што е, речиси 50 години, легално низ САД.

Објавениот документ предизвика протести низ Вашингтон. Судот потврди дека станува збор за вистински документ, но, одлуката не била конечна.