Триесет и три основни училишта во Скопје денеска добиле дојава за поставена бомба.

Како што информира МВР, дојавите се пријавени во полиција околу 12:30 часот, а пристигнале преку електронските адреси на училиштата.

-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштето и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР.