Легендарниот Диего Марадона очигледно не може без контроверзи.

Тој не издржа по победничкиот гол на Маркус Рохо (1-2), кој ја одведе Аргентина во осминафиналето, а да не се израдува на нему својствен начин. Во тотално невкусен манир за сцена толку голема колку што е Мундијалот, тој пред очите на светската јавност им покажа среден прст на Нигеријците.

Интерено е тоа што пред почетокот на мечот Марадона беше далеку попријателски расположен кон навивачите на противниците на Аргентина, па дури со една од нигериските навивачки танцуваше на трибината.