Ваков скандал и доделување енормни суми како дополнителни додатоци не се случил во изминатите две децении, а корупцијата го достигна врвот, реагираат од невладина организација, објави ТВ Телма.

НВО најави дека ќе покренат иницијатива за враќање на бонусите кои ги зеле бившата специјална обвинителка Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска и останатите обвинители, како и сите вработени во СЈО.

Има политички барања од партии сите обвинители од СЈО да си поднесат оставки, да се изврши ревизија на работењето на СЈО, да се утврди како функционирало обвинителството, на кој начин креирало случаи и како биле делени пари надвор од сите прописи.