Обединетото Кралство лансираше нов воен сателит за набљудување во вселената наречен Титанија (Titania), соопшти Министерството за одбрана.

Сателитот, опишан како нов „пар очи“ во орбитата околу Земјата, ќе им помогне на вооружените сили да ја набљудуваат воената активност на Земјата.

Сондата од 100 килограми, со големина колку машина за перење алишта, беше испратена во вселената на повеќекратно употреблива ракета на СпејсИкс од Калифорнија во октомври, и следи по лансирањето на сличниот сателит наречен Tyche пред две години.

Заедно, тие ќе бидат дел од соѕвездието британски воени сателити, развиени од компании во Обединетото Кралство, а со кои ќе управува Вселенската команда на Британија.

По Титанија и Тихе, ќе следат Џуно и Оберон, пренесе ДПА.

Сателитите, чии имиња се во чест на класични и ликови на Шекспир, се дел од пошироката програма за разузнавање, набљудување, собирање и извидување, позната и како ИСТАРИ (ISTARI).

Министерството за одбрана исто така соопшти дека тестира нови напредни копнени сензори за набљудување на вселената од три локации ширум светот, во рамките на проектот наречен Инарос.

– Новата вселенска ера е пристигната. Вселената е во основата на сè – од временските прогнози и финансиските трансакции до сателитската навигација и мобилните врски, и таа е од клучно значење за нашата национална безбедност и воени операции – изјави британскиот министерот за одбрана Вес Стритинг.

– Тоа што Титанија е сега во орбитата и што Проектот Инарос го засилува начинот на кој ги надгледуваме нашите сателити значи дека ќе можеме побрзо да ги видиме заканите, со што Обединетото Кралство станува побезбедно – додаде тој.

Во септември, Смит предупреди дека непријателите на Британија претставуваат сè поголема закана во вселената и објави дека ќе биде формирана нова 3-та ескадрила за вселенски ефекти за „попречување, деградирање и спречување на непријателските активности“ надвор од атмосферата на Земјата.