Припадници на Баталјонот на специјални сили – „Волци“ во изминатиот период успешно завршија основен падобрански курс во Република Грција, соопштува Армијата на Република Македонија.

Обуката има за цел унапредување на вештините и способностите на припадниците, како и зголемување на нивната интероперабилност и подготвеност за извршување на задачи во рамки на заеднички и мултинационални операции.

Во текот на обуката, припадниците на Баталјонот на специјални сили – „Волци“ ги унапредуваат своите знаења и практични вештини во областа на падобранството, со примена на стандардизирани процедури и постапки. Обуката беше поделена во два дела, теоретски и практичен на земја, како и со скокови од воздух.

Учеството на припадниците на Баталјонот на специјални сили – „Волци“ на оваа обука претставува придонес кон континуираното унапредување на нивото на обученост и подготвеност на специјалните сили на Армијата, како и унапредување на соработката со Вооружените сили на Република Грција.

ФОТО: АРМ