На територијата на целата држава меѓу малолетната популација до 18 години има 1068 активни случаи со Ковид-19 од вкупно 8006 активни случаи, без денешните.

Во Институтот за белодробни заболувања во Козле се лекуваат 23 деца, само две се на кислородна поддршка и ниту едно не е во критична состојба, истакна денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека во овој Институт е хоспитализирано и двомесечно бебе.

-Во однос на бројот на прегледи нема некое значајно отстапување. Има сосема лесно зголемување на бројот на деца кои се јавуваат на преглед, нагласи Филипче.

Во врска со скринингот на учениците, Филипче посочи дека тој е завршен во најголемиот број од училиштата во државата.

-Тестирани се над 5000 ученици, а 15 биле позитивни на вирусот. Сега е исклучително битно во периодот кој следи сите овие протоколи кои се пропишани да важат во училиштата, да се почитуваат како што треба за да се заштити целокупниот образовен процес, додаде Филипче.

Р0 факторот на преносливост ако претходно беше 1,05 сега изнесува 1,4. Тоа значи дека во наредниот период секојдневно ќе гледаме зголемуваме на бројките на заразени.

Досега, се уште не сме чуле издржан експертски став во врска со тоа дека кај децата кои се заразени со корона вируост, нема да се јават несакани долгорочни последици.