Македонската православна црква – Охридска архиепископија објави програма на прослава на верските празници во јануари во Скопската епархија.

Програмата подолу во текстот ја објавуваме во целост:

МАКЕДОНСКА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА-ОХРИДСКА АРХИЕПИСКОПИЈА

СКОПСКА ПРАВОСЛАВНА ЕПАРХИЈА

ПРАЗНИЧНА ПРОГРАМА ОД БАДНИК ДО СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ

(ОД 05 ДО  20 ЈАНУАРИ 2024 ГОДИНА ПО НОВ СТИЛ)

05 јануари – петок, Преподобен Наум Охридски

09.00 часот: Царски часови во ман. „Св. Наум Охридски“ – н. Радишани.

 

06 јануари – сабота, Бадник – Св. мч-чка Евгенија

07.30 часот: Утрена; Златоустова литургија.

17.00 часот: Велико Повечерие.

 

07 јануари – недела,   Рождество Христово – БОЖИК

09.00 часот: Архиерејска литургија на Св. Василиј Велики. Неговото Блаженство Архиепископот г. г. Стефан, ќе  богослужи во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

 

08 јануари – понеделник, Собор на Пресвета Богородица,  втор ден Божик.

09.00 часот: Архиерејска Златоустова литургија во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ – Центар.

 

09 јануари – вторник, Свети архиѓакон  и првомач. Стефан – трет ден Божик.

09.00 часот: Архиерејска Златоустова литургија во црквата „ Св. Петка“ – н. Црниче.

 

14 јануари – недела, Обрезание Господово; Свети Василиј Велики; Православна Нова Година.

09.00 часот: Архиерејска литургија на Св. Василиј Велики и Молебен по повод Новото лето Господово 2024. Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, ќе  богослужи во  црквата “Св. пр.  Илија“ – н. Аеродром.

 

18 јануари – четврток, Водокрст; св. мч-ци Теопемпт и Теона; св. пр. Михеј.

07.30 часот: Утрена; Царски часови; литургија на Св. Василиј Велики со Вечерна и Голем Водосвет.

 

19 јануари – петок, Богојавление – ВОДИЦИ

09.00 часот: Златоустова Литургија и Голем водосвет. Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Стефан, ќе  богослужи во  храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. Богојавленските литии во 11,45 да бидат на мостот кај „Холидеј Ин“. Околу 12.00 часот Поглаварот на Македонската православна црква ќе го спушти Светиот и животворен Крст во водите на реката Вардар.

 

20 јануари – сабота, Собор на Св. Јован Крстител.

09.00 часот:  Архиерејска Златоустова литургија во храмот „Св. апостоли Петар и Павле“  – н. Ѓорче Петров.

ХРИСТОС СЕ РОДИ!

 

Од канцеларијата на Скопската Православна Епархија