Од денеска е забрането плаќање во готово за стоки и услуги во износ од над 2.000 евра во денарска противвредност, согласно најновите измени на законот за спречување перење пари и финансирање тероризам.

Претходниот праг за плаќање во готовина беше 15.000 евра. Од 1 јануари следната година износот за плаќање во готово ќе се намали на 1.000 евра, а од 1 јуни идната година тој износ ќе се намали на 500 евра во денарска противвредност.

Забраната важи за плаќањата на физичките и на правните лица. Примената на оваа законска забрана, која се прави за да се намали сивата економија во земјата, ќе ја контролира управата за јавни приходи.