9 април 2019

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 27 март.

Денеска е Св. маченица Матрона Солунска.

Света Матрона беше по потекло од Солун, од сиромашно семејство. Беше слугинка во домот на еден солунски Евреин. Света Матрона не ја криеше својата вера во Христа и поради тоа многу претрпе од господарката на домот. Поради нејзината вера во Христа, господарката ја затвораше во темна соба и ја измачуваше со глад. А кога најпосле господарката ја остави да умре од глад, го зеде телото на света Матрона и го исфрли од својата куќа. Солунските христијани го зедоа телото на маченицата и го погребаа, а кога почнаа да се случуваат чуда на гробот на света Матрона, на тоа место беше подигната црква посветена на нејзиното име.