Фудбалскиот стадионот 974 на кој се играат натпреварите на СП 2022 во Катар може да биде преселен во Косово, објави Екипа.
Тој е еден од најневообичаените во мундијалската историја, поради фактот дека е изграден од лимени контејнери. Организаторите веќе најавија дека веднаш по завршувањето на мундијалот овој стадион ќе биде „расклопен“ и испратен во друга земја, а големи се шансите дека оваа фудбалска арена ќе заврши во Косово.
Имено, Фудбалската Федерација на Косово објави дека поднела и официјално барање до Фудбалскиот Сојуз на Катар, барајќи да го добие Стадионот 974 на подарок. Добро упатени извори тврдат дека двете федерации низ годините имаат одлична соработка, поради што во Косово се убедени дека ова нивно барање ќе биде прифатено, па во текот на 2023 година тие ќе го монтираат стадионот на својата територија и ќе добијат нова модерна фудбалска арена.
Стадионот 974 е официјално отворен на 30 ноември 2021 година. Името 974 го доби по бројот на контејнери од кои е изграден, а неговиот капацитет е 44.000 места за седење.