Џоси дечко и ја оставил по три години врска и ја понижил заради нејзината тежина.

Таа решила да му се одмазди со слабеење и затегнување на своето тело.

„Бев девојка која бившиот не ја сакаше, па станав девојка што тој не може да ја има“, вели таа на почетокот на своето видео што го објави за да ги инспирира другите да вежбаат и да живеат поздраво.

Џоси била тешка 137 килограми, а со напорен тренинг и правилна исхрана изгубила скоро половина од својата телесна тежина.
Таа сега има 70 килограми и е пресреќна поради својот успех.

„Тука сум да ги инспирирам, мотивирам и да им помогнам на другите да ги постигнат своите цели“, рече таа.

“Треба да го нормализираме нормалното тело. Во ред е ако имате вишок кожа на рацете, во ред е ако бутовите ви се малку опуштени. Убава си и тоа те прави поразлична. Почнав со слабеење како одмазда кон поранешното момче , но по патот сфатив дека не работам за него, туку за себе “, додава таа.