По повод одбележувањето на „23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба“, Владата на Република Македонија организира положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк, Скопје.

На настанот, со почеток од 10 часот, ќе биде присутна владина делегација составена од Роберт Алаѓозовски, национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Според нивото на избраната делегација со која актуелната Влада го чествува овој голем македонски празник, формирањето на ВМРО во Солун, актуелната власт му придава ниско значење на денот и празникот со кој започнала македонската борба за слобода и независност на Македонија.