Одбојкарската репрезентација на Турција го освои трофејот во женската Лига на нации, откако во големото финале ја надигра селекцијата на Бразил со 3-1 во сетови (23-25, 25-23, 26-24 и 25-21).

Мелиса Варгас беше најдобра во победничкиот состав со дури 33 поени зад своето име, а Ханде Баладин додаде уште деветнаесет.

Во тимот на Бразил, прво име беше Ана Кристина со 25 поени.

Во мечот за бронзениот медал, победник беше селекцијата на Италија, која со 3-1 ја совлада репрезентацијата на Кина (25-16, 23-25, 25-22 и 25-13).