До 13 часот излезноста во вториот круг од локални избори е 24,87 проценти, истакна претседателот на ДИК, Алкесандар Даштевски.

Тој посочува дека до овој момент своето право на глас го оствариле 269, 674 запишани гласачи. Даштевски додава дека овие бројки значат дека излезноста е поголема од минатиот круг до 13 часот.

Висока излезност во овој момент има во Вевчани 52,46 проценти, Демир Капија 44,41 процент, Конче 42,65 отсто, Пехчево 42,18 проценти, Демир Хисар 39,68 %, Гевгелија 34,24%, Битола 32,03% и Охрид 30,15 проценти.

Во најголем дел од останатите општини излезноста до 13 часот е под 30 проценти. Се уште мала излезност, од под 10 проценти има во Сарај, Театрце, Шуто Оризари. Мирен избирачки ден без проблем со уредите за биометриска идентификација.

Даштевски истакна дека досега немаат пријава за создавање на редици на избирачките места.

Даштевски: Следната прес-конференција на ДИК е во 15.30 часот

Излезноста на гласачите  на вториот круг од Локалните избори до 13 часот е 24,87 отсто. Гласале 269 674 гласачи, што значи дека излезноста е поголема од минатиот прв круг во ова време, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

Тој информира дека по општини, во Вевчани на гласање излегле 52,46 отсто, Ранковце – 47,76, Демир Капија -44, 41, Конче – 42,65, Пехчево -42,18, Демир Хисар – 39,68 отсто… Досега, како што рече Даштевски, мала излезност има во Сарај – 9,74 отсто, Теарце – 15,85 и Шуто Оризари -15,08 отсто.

Даштевски оцени дека денеска е многу мирен избирачки ден, нема пријавено никави проблеми со уредите за биметриска идентификација на гласачите. Нема пријавено дека некој не е пронајден во Избирачкиот список и апелираше така да продолжи до крајот на денот.

-Во текот на денешниот ден има 178 приговори, од кои 157 се прифатени, 12 се одбиени, а девет  се за гласачи кои биле во избирачки списоци, информира Даштевски. Апелираше до сите општински изборни комисии и избирачки одбори да обрнат внимание до овластените претставници, т.н.набљудувачи и новинари.

Даштевски информира дека во вториот круг од Локалните избори нема создавање редици и додаде дека тој своето избирачко право го остварил околу 12 часот.

Следната прес-конференција на ДИК е во 15.30 часот