Јазот и судирот меѓу двете групи во ДУИ се продлабочуваа околу заслугите на изградба на градинката во Чаир. Првиот човек на општина Чаир, Висар Ганиу, дел од таканаречената „Огнена група во ДУИ“, објавувајќи низа документи на Фејсбук, вели дека неговиот сопартиец Артан Груби бил само наметнат  незаслужен гостин на камен-темелник. Тој понатаму фрла сомнеж дека можеби Груби бил и причината поради која изградбата бе завршила во рокот предвиден според договорот, објавува ТВ АЛСАТ.

… сите овие процедури кои заеднички можеме да ги провериме се завршени во времето кога Артан Груби не беше ни на списокот на желби да стане прв вицепремиер на Владата, бидејќи на оваа функција дојде 5 недели подоцна … сега во време кога Артан Груби е вицепремиер, доцни изградбата на градинката во Чаир и наместо да заврши на 31.12.2022… сега сме февруари 2023 година, а градинката се уште не е изградена. Се поставува прашањето, зошто Артан Груби кога е на толку висока владина функција не ја забрзува изградбата на градинката во Чаир или можеби дури и го забавува градежниот процес“, напиша Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир.

Груби, пак, опо средбата со граѓаните во Теарце рече дека заслугите не ги зема само на себе, туку дека тој е посредник во работата да се почне изградбата на градинката и многу други проекти во Чаир.

„Се сеќавам, јас бев пратеник и имаa недоразбирања меѓу себе Висар со Бујар затоа што беа скарани, иако Бујар беше шеф на штабот кога беше избран (Висар) и поради немање комуникација ми се јавуваат мене да им помогнам јас за градинката со Мила Царовска, со Бујар, со Арбер го направивме, тој владин состав, и го поставивме камен-темелникот откако се смени владата. Се појавуваат различни групи, една група излегува со влажен барут, други групи со играчки – калашникови, како оние на „Левица“, проруски групи, левичарски групи, про-ВМРО групи, блокирачки групи, групи кои се злоупотребувачки, а ние, браќа и сестри, оваа група што ја гледате овде напред, е Ахметовата група“, рече Артан Груби, прв вицепремиер.

Огнената група ден претходно беше на средби со жителите на Љуботен. Од таму потпретседателот Изет Меџити вели дека се појавиле две идеи, петиција против Груби или протести.

“Од оваа куќа едногласно ни беа предложени две идеи:

Популарна петиција Артан ЗАМИНИ!

Голем протестен митинг!

Секоја иницијатива што доаѓа од народот, никој не може да ја спречи!“, напиша Изет Меџити, потпретседател на ДУИ.

Првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, побара од своите симпатизери да не се грижат за различните мислења во ДУИ.

„Што се однесува до некои случувања, различни мислења, воопшто не грижете се. Јас припаѓам на генерацијата со која се боревме, со  која бевме затворени,  не мачеа дека размислуваме поинаку, за слободно размислување. И сега имаме слободна мисла. Но, сега ни треба добро размислување, разработено размислување, размислување што придонесува за процесите, а не зли мисли“, изјави Али Ахмети, прв човек на ДУИ.