Локалните власти во Охрид ги известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општината дека утре 31 јули ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци.

Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потегот од селото Подмоље до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид, како и потегот на реките Грашница и Коселска Река.

– Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на на пчелите. Во случај на појава на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден, се наведува во соопштението од Општина Охрид.

Инаку, запрашувањето ќе се врши во ноќните часови од 21 до 06 часот.