Голем број верници и набљудувачи се собрале на една плажа во јужна Флорида откако на нејзиниот брег испливал огромен дрвен крст.

Според пишувањата на американските медиуми, некои од собраните граѓани сметаат дека крстот е некој вид на свет знак. Френк Талерико, сопственик на ресортот кој се наоѓа на самата плажа вели дека бил шокиран од ваквата појава, сметајќи го крстот за знак на заштита.

Giant Cross on Florida Beach!

GIANT CROSS ON FLORIDA BEACH! ? ?The 20 ft cross washed up along a Ft. Lauderdale beach Saturday. It is unknown where it came from. Any ideas? – Matt Devitt WINK Weather | Credit: Greg Gay

Gepostet von Matt Devitt WINK Weather am Mittwoch, 6. Februar 2019

Тој чувствува дека крстот е „божја интервенција”, бидејќи пред да се појави на плажата, неговата сестра била тој ден на брегот и се молела оти „имала лош сон”.

Од друга страна, сѐ уште нема официјално соопштение за каков крст станува збор и како стигнал тој во океанот. Луѓето претпоставуваат дека тој потекнува од Порторико, а повеќето сметаат дека пристигнал од некој остров по можен ураган.