Претседателот на Олимпик Лион, Жан-Мишел Олас, смета дека поранешниот шеф на Европската фудбалска федерација (УЕФА), Мишел Платини, не е вклучен во корупциски шеми околу изборот на домаќин на следното Светското првенство.

Платини беше уапсен како дел од истрагата за изборната корупција за првенството што го доби Катар.

– Јас сум лично уверен дека Мишел нема никаква врска со ова. Исто така е вистина дека Светското првенство во Катар вознемири многу луѓе. Изборот на домаќин предизвика многу реакции и беше поврзан со нечесни дејствија. Сето тоа боли. Но, сѐ уште мислам дека Мишел нема никаква врска со тоа, изјави Олас.

Светското фудбалско првенство во Катар ќе се игра во 2022 година.