Македонците од Пиринска Македонија објавуваат сведоштво од црквата Св. Архангел Михаил во Берово, каде иконописецот во 1897 година се потпишал како Македонец, што им ја урива тезата на бугарската пропаганда дека Јосип Броз Тито ја измислил македонската нација.
– На една од своите икони во манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Берово, авторот е потпишан многу јасно – Иконописец Гаврил Атан. (Атанасов), Македонец од село Берово, Малеш. Во 1897 година, Тито кој според бугарската пропаганда го создал македонизмот, имал само 5 години. Тоа е се што треба да се знае за комичната и фалшлива бугарската пропаганда, се наведува во објавата на ОМО Илинден Пирин на Фејсбук.
Инаку бугарската пропаганда често го користи навредливите коментари за македонската како „коминтерновска или титовска“ нација, но и овој пример покажува дека таквите тврдења паѓаат во пропагандната вода.
(Д.Г.)