Драматичниот пад на бројот на население во земјите од Југоисточна Европа, најмногу заради иселувањето на младите, ја загрозува способноста на овие земји  да го оддржат постојниот систем на социјална заштита, предупредија денеска Обединетите нации.

Според последните проценки на ОН, девет од 10 држави на кои најбрзо им опаѓа бројот на населението, се наоѓаат во Источна и Југоисточна Европа, изјави Алана Армитаж, директорка на Популацискиот фонд на ОН за Источна Европа и средна Азија, пренесуваат британските медиуми.

ОН проценуваат дека Бугарија до 2050 година ќе загуби четвртина од денешната популација и дека и сите околни држави ќе губат население во следните децении.

-Заради помалкуте деца и големата емиграција населението на земјите од Југоисточна Европа се намалува и старее, а, за разлика од Западна Европа, не се тежнее кон имиграција за да се пополни разликата, изјави Армитаж

Во повеќето земји од Југоисточна Европа, меѓу 1995 и 2035 година, делот на лицата постари од 65 години ќе биде два пати поголем во вкупната популација, а во некои и дури три пати поголем, проценуваат ОН.

Помалку работно способното население го повлекува и прашањето за оддржливоста на сегашниот систем за социјална заштита, па така и на пензиите, наведува Армитаж.

Според проценките, забрзано без насление остануваат и Косово и Албанија. Се смета дека во овој момент во Албанија има само 1,5 милиони жители, што е половина од бројот кој официјално го има државата, а слична е ситуацијата и на Косово, што се одразува на изборите кога излезноста не може да надмине 50 отсто.

Иселување и помогна и на Грција драстично и за кратко време да ја намали невработеноста која во екот на должничката криза достигна до 25 отсто. За Македонија засега нема проценки ниту официјални податоци, но сликите од полни автобуси како заминуваат кон западните земји се секојдневни.