Помошникот на генералниот секретар и координатор на ОН за кризата во Украина, Амин Ауад изјави дека во војната во Украина нема да има победник.
– Во оваа војна нема и нема да има победник. Потребен ни е мир. Војната мора да престане, изјави Ауад.
Тој изрази и загриженост поради високата цена што ја плаќа цивилното население, предупредувајќи на уништувањето, разорувањето на градовите и селата, како и на изгубените животи, домови, работни места и перспективи.
Преговорите помеѓу Киев и Москва повеќе недели се во ќорсокак.