Русија постави рекорд во происводство на нафта, се наведува во ноемврискиот извештај на ОПЕК.

– Русија во октомври постигна нов постсоветски рекорд во производство на нафта, зголемувајќи го за 50.000 барели нафта дневно, во споредба со претходниот месец, до просечни 11,6 милиони барели нафта дневно, се наведува во извештајот на ОПЕК која ја сочинуваат земји производители на нафта.

ОПЕК ја зголеми прогнозата за происводство на енергенси во Русија за 2018 година од 11,19 милиони на 11,24 милиони барели дневно.

Според податоците на Централната диспечерска управа на енергетскиот комплекс, просечното производство на нафта во Русија во октомври пораснало за 4,4 отсто на годишно ниво.

Освен тоа, ОПЕК ја намали прогнозата за растот на побарувачката на нафта во светот за идната година за 70.000 барели дневно.