Голема еколошка акција, жителите на Сарај денеска ги предаваат старите печки на дрва и нафта, објави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

– Во општина Сарај денеска почна големата еколошка акција на Град Скопје и Владата за предавање старите печки кои користат нееколошки енергенси во замена за инвертер клима уреди за затоплување, како уште една од мерките за борба против аерозагадувањето. Жителите на општината Сарај кои аплицираа за субвенции за набавка на клима инвертери во Град Скопје денеска имаат можност да ги предадат своите стари печки на дрва, нафта и други нееколошки енергенси, во дворот на средното училиште „Сарај“. Акцијата ќе трае од 10 до 16 часот, а ќе продолжи и утре. Само од оваа општина пристигнати се околу 160 апликации, што значи ќе имаме 160 оџаци помалку кои ќе го загадуваат воздухот. До привременото запирање на повикот во Град Скопје се пристигнати околу 4.060 апликации.Во наредните две години согласно условите од јавниот повик, градската или државната инспекција може да врши инспекциски надзор на лицата што добиле субвенција, во однос на тоа да се види дали навистина ги користат инвертерите или е направена измама, за што ќе биде поведена постапка за враќање на финансиските средства, објави Шилегов на Скопје.

Збогум на шпоретите, добредојде за инвертерите во Сарај!