Општина Илинден продолжува со реализација на активности за подобрување и унапредување на локалната патна инфраструктура. Во рамки на Програмата за реконструкција, рехабилитација и санација на локални улици и патишта, започна целосна реконструкција на три улични краци во населените места Марино и Кадино.

Градежните активности опфаќаат два краци од улица „531“ во Марино и еден крак од улица „7“ во Кадино, во вкупна должина од околу 650 метри. На овие улици претходно е поставена потребната комунална инфраструктура, со што се создадени услови за нивна целосна реконструкција.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во почетокот на градежните работи и истакна дека реализацијата на овие активности е од особено значење за жителите на Марино и Кадино, бидејќи ќе придонесе за подобрување на условите за секојдневно одвивање на сообраќајот и за поголема безбедност на сите учесници во истиот.
Општина Илинден и во наредниот период ќе продолжи со реконструкција и санација на локални улици и патишта, согласно утврдените приоритети и потреби на граѓаните, особено на локации каде што претходно се реализирани приклучоци за фекална канализациска и водоводна мрежа, со цел создавање подобри и побезбедни услови за живот на сите граѓани.