Лидерот на СДС, Венко Филипче, денеска повторно „бриљираше„ со прес конференција на која немаше да каже ништо ново. По најавата на пресот, граѓаните се прашуваа што сега ќе изнесе првиот човек на 5-та партија во Скопје, за да тој „рециклира“ и извитопери изјава стара цели три дена и во веќе препознатлиот стил преполн со навреди клевети кон „противникот“ да изманипулира:

„Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе“, свика Филипче на прес-конференција на Бихаќка. „Претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата“, рече во занес Филипче.

А, што рече истата таа Фон дер Лајен во петокот? Еве, изворно: „ВАКА(читај со Бугари во Устав) ЌЕ И ПОСАКАМЕ ДОБРЕДОЈДЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА СО НЕЈЗИНИОТ  ИДЕНТИТЕТ И НЕЈЗИНИОТ ЈАЗИК.“

Во превод, таа никаде не спомена МАКЕДОНСКИ идентитет и јазик, туку некаков си идентитет на земја со кованицата која таму е благодарение на Филипче и неговиот политички „стопан“ Заев. Сето ова за да ја „натера“ власта да ги внесе Бугарите во Устав без никаква гаарнција дека тоа ќе биде последниот услов од екипата која импортираше непознати коски за да тврди дека се на Цар самоил.

Логично, се налага дека по оваа бравурозна изјава на „лидерот“, неговиот идентитет и јазик се идентитетот и јазикот на некаква си северна МАКЕДОНИЈА. Ако ја одобрува Урсула, тоа е единствената логика.

Нашиот, пак, за негова голема жал и непребол е МАКЕДОНСКИ ИДЕНТИТЕТ И МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК.

Бил, е и ќе биде, за век и вековма…

 

П.С.

Истовремено, денеска во Скопе и во Софија „случајно“ се случија две идентинтични изјави. И Венко и Јотова околу можната средба на Муцунски со колешката за новинарите искометираа – А зошто средбата да биде билатерална, требала да биде на ЕУ ниво. Така, „случајно“ се погодија. Пак. И пак. И пак…

 

Љупчо Цветановски