Во рамки на градежните активности што се реализираат во УЗ Бардовци, Општина Карпош ја заврши фазата на поставување на ново, енергетски ефикасно улично осветлување, информираат од локалната самоуправа.
На новопроектираните улици „5“, „6“ и „7“ поставени се 38 нови енергетско-ефикасни светилки со можност од 35 вати, со што значително ќе се подобри осветлувањето во овој дел од Бардовци.
Дополнително, на улицата „1687“ поставени се уште 11 нови енергетско-ефикасни светилки, исто така со можност од 35 вати.
Новото осветлување ќе придонесе до подобра видливост на јавните ппвршини, поголема безбедност за граѓаните и поефикасно користење на електричната енергија, преку примена на современи и енергетски ефикасни решенија.
Општина Карпош продлжува со реализација на инфраструктурни проекти и инвестиции, со цел унапредување на комуналната инфраструктура и создавање подобри услови за живот во сите населени места на својата територија, стои во соопштението на општината.




