Во општина Струмица се тампонираат полските патишта во населените места и се подобрува пристапот до обработливите земјоделски површини.
Тампонирањето почна во селото Дабиле, а продолжи во атарите на населените места Просениково и Добрејци.
– Изминатите денови се тампонираа и полските патишта во атарот на селото Муртино. Таму се работеше од асфалтниот пат Сачево-Муртино кон местото „Чешма Шинка“ во должина од 800 метри и од мостот на реката до населеното место Сачево во должина од 1.500 метри, информира општина Струмица.
Во текот на оваа година, во Муртино ќе бидат асфалтирани и три улици во должина од околу 220 метри.