Морам многу да внимавам да изговарам C. Македонија, за да не настане меѓународен проблем, рече унгарскиот премиер Виктор Орбан утрово во интервју за унгарското Радио „Кошут“ кое емитува програма од брегот на Охридското езеро.
– Порано оваа држава се нарекуваше Македонија, но поради проблемот со Грците мораше да си го сменат името во РС Македонија и морам и јас многу да внимавам така да го формулирам, за да не настане некој меѓународен проблем, рече Орбан на почетокот од интервјуто.
Запрашан за целта на неговата посета, тој вели дека тука е за помош на Македонија на евроинтегративниот пат, но и други теми.
-И сега имаат еден спор со Бугарија кои го блокираат процесот на нивно присоединување кон ЕУ. Поради расправиите околу положбата на националните малцинства, Унгарија како актуелен претседавач со ЕУ, сметавме дека треба како задолжителни да ги посетиме оние држави кои се во најтешка позиција во однос на зачленување кон ЕУ и да им помогнеме, во решавањето на постоечките конфликти. Тоа е една од причините, за која сум тука. Но има и поважна причина, ние имаме и други прашања, кои се важни, а тоа е прашањето на миграцијата, додава Орбан.